Здравје и убавина
На што да внимавате кога купувате храна на жешкото време?

Топлото време носи висок ризик за труења предизвикани од расипана храна. Кога се купуваат прехранбени производи, какви и да се, мора да се внимава тие да бидат соодветно чувани, спакувани и слично.
Во советите од Институтот за јавно здравје, во однос на безбедноста на храмата се наведува: Одберете безбедно произведена храна која се продава во објекти кои исполнуваат услови за хигиенско чување на храната. На пример:
- пастеризирано млеко кое се чува во малопродажбата во разладен уред или стерилизирано млеко
- млечни производи на кои пишува дека се направени од патсеризирано млеко, во малопродажбата се изложени во разладен уред, после купувањето веднаш да се сместат во разладен уред. Внимавајте на рокот на употреба!
- месо и месни производи чувани во разладни уреди или замрзнувачи при малопродажба. После купувањето на овие производи треба што поскоро да се стават во фрижидер и пред консумација да се обработат термички ( варење, печење, пржење).
- јајца, без оштетена лушпа, кои се сеуште во рокот на употреба, чувани во фрижидер и добро термички обработени. Избегнувајте храна која содржи свежи јајца или недоволно термички обработени јајца
- Одберете готова или делумно подготвена храна која е правилно чувана – складирана и во простор каде нема можност за хемиска контаминација.
- Зеленчукот и овошјето пред употреба задолжително да се измијат со чиста безбедна вода
Свежото овошје и зеленчукот се сметаат како значајни извори на патогени микроорганизми и хемиски контаминенти. Затоа е важно овошјето и зеленчукот да се измијат со безбедна- чиста вода пред нивното конзумирање. Да се отстранат оштетените делови од овошјето или зеленчукот заради тоа што бактериите можат да навлезат на тие места.
- Користете безбедна вода од водовод или третирајте ја односно дезинфицирајте за да стане безбедна.
- Не користете храна со поминат рок на употреба
- Не користете храна која веќе ги променила својата боја, мирис, вкус и изглед
- Не ги употребувајте оштетените, надуваните и оксидираните лименки и конзерви, затоа што бактериите можат да се развиваат и во конзерви кои не се правилно конзервирани.
- Кога купувате замрзната храна внимавајте да биде добро замрзната, односно да не започнал веќе процесот на одмрзнување. Ова особено се однесува на сладоледи кои се продаваат во оригинално пакување, кои треба да бидат на температура под 18 0С
- Избегнувајте консумација на слатки затоа што претставуваат поволна средина за раст и размножување на разни микрорганизми
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош