Гостивар
Над 200 напади, тепачки, навреди на службено лице во Гостивар за девет месеци

Во изминатите девет месеци од оваа година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово регистрирани се вкупно 409 нарушувања на јавниот ред и мир, од кои 205 на гостиварското и 204 на тетовското подрачје. Во овие нарушувања биле инволвирани 489 сторители (ТЕ-279 и ГВ-210), а најголемиот број од прекршоците се целосно расчистени и заокружени со соодветни поднесоци по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, информира СВР.
Најмногу од прекршоците за кои се изготвени и барања за поведување на прекршочни постапки (320) се случиле во град, најчесто со поединечно учество на сторителите, од кои во овој период дури 460 биле мажи. Најголемиот број од сторителите се на возраст над 25 години (377).
Меѓу евидентираните прекршоци повторно најбројни се физичките напади (180) од кои 82 се случиле на тетовското, а 98 на гостиварското подрачје, потоа тепачките (35), дрско и непристојно однесување, исто така, 35, навредување и омаловажување на службено лице или државен орган и така натаму.
Во периодот за кој станува збор регистрирани се 3 прекршоци во и околу училишта (ТЕ-2 и ГВ-1) и 3 на спортски натпревари (ТЕ), додека не се бележи ниту едно нарушување на јавниот ред и мир со меѓуетнички предзнак.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос