Поврзи се со нас

Гостивар

Над 6 милиони евра за обнова на патот Маврови Анови-Жировница, Бочварски и Рустеми во увид на работите

Објавено

на

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, неговиот заменик Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми извршија увид во работите на  регионалниот пат Маврови Анови-Дебар на делницата од М.Анови до Жировница.

Патот е со должина од 18 километри, инвестицијата е во вредност од 6,1 милион евра, средства обезбедени од ЈП за државни патишта. Предвидена е целосна рехабилитација на патниот правец и санација на осум мостови.

„Маврово но и Реканскиот дел е многу значаен регион каде е потребно да го развивме туризмот од сите аспекти, но истовремено и да ги подобриме условите за живот на граѓаните. Нашите залагања и примарен фокус е да обезбедиме подобри услови во патната инфраструктура, исто така и во делот на комуналната инфраструктура, она за што сме надлежни се со цел да го подигнеме нивото на услуги што ги нуди регионот. Покрај овој пат во годинашната програма на ЈП за државни патишта предвидена е изградба на регионален пат од Гарски мост до Извор, потоа реконструкција на патот од Гарски мост до Лазарополе како и реконструкција на транзитот ни Дебар”, изјави Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми најави динамичен план за рехабилитација на патниот правец.

“Трасата на оваа делница всушност е продолжение на веќе рехабилитираната делница Бунец–Маврови Анови. Во наредниот период ќе се работи на еднослојна и двослојна надградба на сегменти од трасата каде што површинските оштетувања се поизразени, нова коловозна конструкција на делови од трасата каде што коловозот е во лоша состојба, предвидена е и санација на осум мостови, реконструкција, доградба и изведба на нови  потпорни ѕидови, како и поставување на нова сигнализација” изјави Рустеми.

При посетата, министерот Бочварски потенцира дека во завршна фаза е изработката на проектите за изградба на пречистителна станица за Маврови Анови како и изградба на водоводен систем за населеното место Аџиевци.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 10 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 14 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 16 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 17 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 18 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 19 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 20 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 21 час

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена