Македонија
Над половината од личните документи на граѓаните се променети со цел да стои Република Северна Македонија, вели министерот Спасовски

Министерот Оливер Спасовски, кој денеска во рамки на активноста „Отворен кабинет“ беше во Тетово, информираше дека над половината од личните документи на граѓаните се променети, со цел во нив наместо Република Македонија, да стои новото уставно име Република Северна Македонија кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција.
На новинарско прашање дали може да се избегнат дополнителните трошоци како со регистарските таблици, Спасовски рече дека мора да се платат документите.
„Документите треба да бидат променети до средина на февруари 2024. Веќе над 50 проценти од документите се променети, тоа оди со една добра динамика која ја имаме и тоа е еден личен документ кој го имаме и тој документ е лична карта, патна исправа. Начинот на промена мора да биде направен, тоа е детерминирано од Уставот и законите и нема друг начин бидејќи ние сепак за производството на тие документи имаме ангажирано фирма којашто ги произведува. Тие документи мора да бидат платени. Додека знаете дека за регистарските таблички донесовме одлука со којашто тука практично тој издаток нема да го плаќаат граѓаните и ќе се олесни, така да во секој поглед гледаме што е можно максимално да помогнеме на граѓаните во рамките на можностите“, истакна Спасовски.
Министерот информираше дека до крајот на годината ќе има и двојазични униформи кај полицајците.
„Реализација започна на имплементација на сите тие законски решенија и подзаконски акти итн. А ние тоа го направивме во рокот којшто беше предвиден со правилниците. Секако дека сега продолжува како се вршат набавките во однос на униформата, односно ознаките, така и тие ќе бидат променети. Така тоа е постапка во тек. Многу скоро време тоа се завршува. Сега имавме одредени технички проблеми во смисла на преводи и објавувања итн. Сето тоа како се завршува и меѓутоа генерално на подрачјето на Република Северна Македонија секаде веќе се започнати“, истакна министерот за внатрешни работи Спасовски во Тетово.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!