Гостивар
Најчеста причина за сообраќајки во Гостивар е брзото возење, но возачите не мислат на ризикот

По патиштата, но и низ улиците во населените места низ Гостивар има возачи кои возат како на трка. Пребрзото возење е најчеста причина за сообраќајни несреќи, но поединци немааt совест и дисциплина кога седнуваат зад воланот. Полицијата секојдневно казнува за пречекорување на брзината на возење.
„Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период, а Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи кои се однесуваат на брзината и да придонесат за побезбедни патишта во Полог. Ова, дотолку повеќе што најголемиот број од сообраќајните несреќи и годинава на ова подрачје се причинети од неприлагодена брзина според условите на патот.“, нагласуваат од СВР.
Во последната контрола спроведена вчера (29 септември) на гостиварско подрачје биле откриени и санкционирани 9 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Покрај ова, санкционирани биле и два други видови прекршоци.
Казните за брзо возење се движат од 10 до 400 евра, зависно од тоа – колку и каде е пречекорена дозволената брзина, но се практикува и времена мерка-одземање на возачката дозвола од три до 12 месеци.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Вида Гаврилоска Бубалова, психолог и психотерапевт
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер