Поврзи се со нас

Гостивар

НАЈЧИТАНИ ВО 2020: DAVA згрижува бездомници во Гостивар – Наместо на студено по улици, во топло живеалиште

Објавено

на

На опашката сме од оваа 2020-та година и редно е да се потсетиме на најинтересните и најчитаните текстови на Gostivarpress.mk од 1 јануари, па се до денеска (без хроника и ковид). Порталот Gostivarpress.mk во оваа 2020 објави околу 4.200 вести, од кои 95% се авторски на редакцијата и имаше повеќе од 8.151.000 посети.

Денес утре и задутре, целосно ќе ги реобјавиме 15-те најчитаните прилози, да се потсетиме што беше тоа што најмногу го привлече вашето внимание…


Објавенo на: Дек 4, 2020 @ 15:53

Зрак светлина и хуманост во актуелното црно ковид секојдневие. Хуманитарната организација DAVA од Гостивар спроведува проект за згрижување на бездомници. Наместо на студено по улици, бездомниците или лица кои поради семејни проблеми, насилство не можат да престојуваат дома зимава ќе имаат покрив над главата и живеалиште.

Изнајмивме два стана, посебно за машки и женски лица, со капацитет од вкупно 14 кревети. Бездомниците и секој кој има потреба од ваков вид на помош, како на пример, некој што трпи насилство дома, избркан од дома, може да ни се обрати и ние ќе го згрижиме. Ги покриваме сите трошоци, и за облека, храна и основни потреби. Во моментов имаме засолнето две лица, а во текот на наредните денови ќе згрижиме уште едно лице. Во иднина планираме да изградиме посебен објект за таа намена, како и поголема кујна, за подготовка на храна за загрозени граѓани“, вели Муса Хусеин, од организација DAVA

Организацијата со својата народна кујна моментално обезбедува оброци за околу 250 сиромашни семејства на подрачјето на Гостивар. Помош може да добие секој на кого му е потребна, без оглед на националната или верска припадност.

Нашите активности ги почнавме скромно, најпрво со поддршка од кругот на пријателите и блиските, а сега веќе многу луѓе и бизнисмени сакаат да помагаат и донираат. Нашата мисија е во Гостивар и околината никој да не остане гладен, без оглед на нација или вера. Ние сме во постојан контакт со фирмите и за друг вид на помош што може да ја пружат. Така неодамна во една фирма успеавме да вработиме маж и жена од семејство на кое 6 месеци му носевме храна.“, вели Хусеин.

Овие хуманитарци изминатиот период обезбедија и дрва за огрев за зимава за 60 сиромашни семејства. Оние кои имаат потреба од помош може да се обратат во организацијата ул „Светозар Пепоски“ близу „Комуналец“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 5 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 9 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 11 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 13 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 14 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 15 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 16 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена