Вести
НАЈЧИТАНИ ВО 2021: Пример за сите, злато од човек – Плакета Св.Наум Охридски за прерано починатиот д-р Трајче Нешковски
На крајот сме од оваа 2021 година и редно е да се потсетиме на најинтересните и најчитаните текстови на Gostivarpress.mk од 1 јануари, па се до денеска (без хроника и ковид).
Деновиве, целосно ги реобјавуваме 10-те најчитаните прилози, да се потсетиме што беше тоа што најмногу го привлече вашето внимание…
Објавено на: на Јун 5, 2021
Доктор Трајче Нешковски од Гостивар, кој прерано трагично го загуби животот лани во октомври, постхумно го доби највисокото признание Плакета „Свети Наум Охридски“, што го доделува Лекарската комора за посебен придонес и посветеност во медицината.
„Трајче Нешковски беше млад лекар во подем со голем потенцијал, исклучителен квалитет, посветен на работа. Прераната смрт застана на патот на неговите успеси и подеми. Д-р Нешковски останува светол пример од кој младите треба да учат што значи да се биде доктор“, беше речено при соопштување на одлуката, на одбележувањето 29-годишнината од основањето на Комората.
Триесет и две годишниот Нешковски беше специјалист на Клиниката за пулмоалергологија во Скопје. Беше активно вклучен во борбата против ковид, ја водеше ковид-единицата во детската болница Козле, а беше ангажиран и на Инфективната клиника.
„Во вакви моменти доаѓа до необичен спој на емоции зошто тагата се врзува за среќата, а гордоста се бори со недостигот. Несомнено, Трајче ги заслужува сите признанија и награди кои некој може да ги добие, затоа што тој не беше само идеал за професионален и совесен лекар, туку беше идеал за еден млад, реализиран и успешен човек од кој многу генерации треба да учат.“, истакна по тој повод, неговата сопруга Ема Нешковска.
Д-р Трајче останува во срцата на гостиварци, запаметен како добар човек, пријател, посветен и хуман лекар, подготвен да помогне во секоја прилика.
Беше и политички активен, потпретседател и секретар на Социјалдемократската младина на Македонија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград