Поврзи се со нас

Вести

НАЈЧИТАНИ ВО 2021: Што знаеме за кинеските вакцини Синовак и Синофарм

Објавено

на

На крајот сме од оваа 2021 година и редно е да се потсетиме на најинтересните и најчитаните текстови на Gostivarpress.mk од 1 јануари, па се до денеска (без хроника и ковид). 

Деновиве, целосно ќе ги реобјавиме 10-те најчитаните прилози, да се потсетиме што беше тоа што најмногу го привлече вашето внимание…


Објавено на: на Авг 15, 2021

Кинеските производители на вакцини „Синовак“ и „Синофарм“ од јуни месец имаат потпишано договор за споделување на вакцините преку „Ковакс“, чија цел е дистрибуција на вакцини во посиромашните земји. Со тоа, кинезите им ставија на располагање 110 милиони дози од вакцините како дел од Ковакс системот и се користаст во повеќе од 80 земји во светот.

Според кинеската национална здравствена комисија, Кина аплицирала повеќе од милијарда дози од своите вакцини за своите жители. 

И Синофарм и Синовак, одобрени се од Светската здравствена организација (СЗО) за итна употреба. Но, и двете вакцини со натпис „Made in China“ важат за вакцини кои се користат во земјите со ниски и средни приходи. Во Република Северна Македонија овие вакцини се најзастапени, односно најголемиот дел од масовната имунузација се врши со Синофарм и Синовак.

Што знаеме за кинеските вакцини?

Кинеските вакцини се разликуваат од пристапот што го користат Модерна и Фајзер, кои распоредуваат гласник РНК (mRNA), генетски материјал што им дава на клетките инструкции за поставување на одбрана од коронавирусот. Синофарм и Синовак се – инактивирани вакцини.

Овие вакцини обично имаат помалку несакани ефекти, иако поради адјувансот некои инактивирани вакцини може да предизвикаат поголема болка на местото на инјектирање.

СИНОВАК

Како функционира вакцината Синовак?

Биофармацевтската компанија „Синовак“ со седиште во Пекинг стои зад „КоронаВак“, – инактивирана вакцина. Синовак функционира со користење на убиени вирусни честички, само за да го изложи имунолошкиот систем на телото на вирусот, без да ризикува развој и ширење на болеста.

„Ерфинити“, компанија која ги анализира научните податоци, соопшти дека оваа година би можеле да се произведат дури 2,9 милијарди дози на Синовак – повеќе од 943 милиони се веќе испорачани.

Колку е ефикасен Синовак?

СЗО рече дека студиите покажале дека вакцината на Синовак спречила зараза кај 51% од вакцинираните, а тешка Ковид-19 слика и хоспитализација кај 100% од испитаната имунизирана популација.

Во извештајот се додава дека само неколку возрасни лица на возраст над 60 години учествувале во клиничките испитувања, така што ефикасноста не може прецизно да се процени над таа возрасна група.

Според една студија објавена во New England Journal of Medicine, која покажува резултати од Чиле, Синовак има стапка на ефикасност од 65,9% против Ковид-19, 87,5% е ефикасна во спречување на хоспитализација и 86,3% ефикасна во спречување смрт, пренесува Ројтерс.

Во студиите во Бразил, каде до сега се испорачани 68 милиони дози. Синовак се покажал како 100% ефикасен против тешки форми на болеста, како и хоспитализација, пишува БиБиСи.

СИНОФАРМ

Како функционира вакцината Синофарм?

Како и Синовак, тоа е – инактивирана вакцина, која предизвикува производство на антитела кои се борат против коронавирусот. Вирусот е убиен пред да се инјектира во телата на луѓето, така што не може да го пренесе Ковид-19.

Синофарм е единствена кинеска вакцина која јавно ги објави службените резултати од испитувањата.

Ефикасноста на вакцините Синофарм

Кинеската национална фармацевтска група, или Синофарм, разви две вакцини, и двете преку својата подружница China National Biotec Group (CNBG). Вакцина БИБП, развиена преку подружницата на  Пекиншкиот институт за биолошки производи, онаа што се користи кај нас, според Синофарм има стапка на ефикасност од 79% против симптоматска и хоспитализирана болест за сите возрасни групи заедно, третата фаза на студии се спроведени во десет земји низ целиот свет, вклучувајќи го и Бахреин во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Перу, Мароко, Аргентина, Јордан и Пакистан, каде резултатите на ефикасност варираат од 70% до 86%.

Другата вакцина на Синофарм, развиена преку единица во Вухан, ја нема на лисата за итна употреба од СЗО.

Последните податоци за кинеските вакцини кои испливаа во јавноста пред неколку дена, велат дека процентот на заштита од зараза на кинеските вакцини е мал, но сепак ги исполнуваат условите да ја имаат дозволата од СЗО.

За Синовак стои 51% заштита од зараза и 100% заштита од потешка форма и хоспитализација, додека за Синофарм наведено е 50,4% заштита од зараза и 94% за заштита од потешка форма на болеста.

Ова никако не значи дека овие не се добри вакцини – туку значи дека затвореноста и неподготвеноста да се споделат и обезбедат податоци не дава голема можност прецизно да се обноват клиничките студии, што влијае на увидот во својствата на овие вакцини.

Извори: BBC, Reuters, DW.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 31 минута

Најскапото шише вода продадено за рекордни 52.650 евра

Здравје и убавинапред 1 час

Шест овошја за надомест на железо и подобра крвна слика

Занимливостипред 15 часа

Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата

Македонијапред 18 часа

Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис

Гостиварпред 19 часа

Во Гостивар лишено од слобода лице пријавено за ранување куче со пушка

Гостиварпред 20 часа

Насмеани дечиња го разубавија плоштадот во Гостивар-Градинките одбележуваат Детска недела

Македонијапред 20 часа

Поскапуваат горивата!

Македонијапред 21 час

Најавено покачување на платите во образование годинава

Гостиварпред 21 час

Жител на Скудриње однесен починат во болница, според пријавата паднал од дрво, партнерката сакала да ја напушти земјава

Гостиварпред 3 недели

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 2 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 7 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 7 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 9 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 9 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 10 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 10 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 1 годин

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Огласи за работа:

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена