Поврзи се со нас

Вести

Најголеми протести во повоената историја – Земјоделците ја блокираа Германија

Објавено

на

Денеска, како што беше најавено, на патиштата во Германија има илјадници трактори и земјоделци, поради што државните служби изразуваат загриженост и овој протест го нарекуваат најголем во повоената историја. Се стравува дека од рано наутро речиси и да нема дел од државата што ќе функционира нормално.

Земјоделците штрајкуваат против владиниот план за намалување на субвенциите за гориво како дел од најавеното усогласување на федералниот буџет.

Тие започнаа блокади поради најавените кратења на германскиот буџет за земјоделците. Со таа одлука на владата, која беше донесена откако Уставниот суд и забрани на Сојузната влада да се задолжува, а остави “дупка” од 17 милијарди евра за бројни субвенции.

  • Состојбата беше доволно тешка, а даноците за земјоделскиот дизел и возилата беа последната капка. Во последниве години станавме само робови на бирократијата – рече земјоделецот и лидер на состаноци Роберт Илихман.

Избришани се субвенциите за набавка на дизел и се воведе данок за сите земјоделски возила, исто како и за патничките, пропорционално на моќноста на моторот и потрошувачката на гориво.

Во моментов кон центарот на Минхен се движат 5.500 трактори, објави полицијата на социјалната мрежа Х.

На земјоделците им се придружија и камионџиите од Германија, додека Германскиот синдикат на машиновозачи ГДЛ најави штрајк кој ќе започне во среда во 2 часот по полноќ. ГДЛ бара намалување на работното време – од 38 на 35 неделно по лице, како и зголемување на платите за 555 евра месечно, односно еднократна помош поради инфлација во износ од 3.000 евра.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена