Поврзи се со нас

Вести

Наместо диви депонии – зеленило, општина Гостивар спроведува акции и бара поголема еколошка свест

Објавено

на

Околу триесет камиони со ѓубре беа собрани во денешната акција за чистење на дивата депонија на патот кон Сушица, во близина на старата касарна во Гостивар. Акцијата ја спроведе гостиварската локална самоуправа, со јавните претпријатија „Комуналец“ и „Паркинг и зеленило“. Општинската власт најави дека локацијата, која до сега беше дива депонија и на која се фрлаше од комунален до градежен отпад, ќе се претвори во чисто место со зеленило.

„Почнуваме со чистење на диви депонии, се работи за мали депонии создадени од граѓани кои ѓубрето го фрлале на несоодветни места. Нашата идеја е, ваквите локации за неколку недели да прераснат во места со зеленило“ изјави Таравари.

Градоначалникот апелираше на повисока еколошка свест кај граѓаните за почиста и поздрава животна средина на подрачјето на општината. „Не се сомневам дека и граѓаните сакаат да ја сочуваат средината во која живеат, затоа апелирам да не го фрла отпадот кој кадешто ќе стигне, туку на места определени за тоа“, рече тој и најави дека општината ќе спроведе и кампања за едукација и подигнување на еколошката свест кај населението.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена