Здравје и убавина
Намирници кои треба да ги јадете барем еднаш неделно

Аспарагусот ќе спречи депресија, a не треба да заборавите да јадете и авокадо, бидејќи содржи многу здрави масти и може да помогне во намалување на нивото на холестерол во организмот.
Поради големата количината на стрес на кој сме изложени, нездравата храна и премалку движење, нашиот животен век поприлично се намалува. Сепак, овој проблем можете да го спречите со вметнување мали промени во вашата исхрана. Процесите на стареење можат да влијаат на вашето целосно здравје, затоа е крајно време да ја „појачате“ вашата исхрана.
Ореви
Конзумирањето ореви може да ви даде добра доза на растителни влакна, есенцијални масни киселини, како и минерали. Влакната се важни за варењето бидејќи помагаат да се чувствувате исполнето. Масните киселини, од друга страна, го штитат вашето срце од можни проблеми како што е срцев удар. Минералите им помогаат на останатите органи да работат правилно.
Спанаќ
Листнатиот зеленчук како спанаќ се препорачува затоа што има ниски калории, но многу витамини, минерали и други основни хранливи материи.
Авокадо
Не би требало да заборавите да јадете авокадо, барем еднаш неделно, бидејќи содржи многу здрави масти. Јадењето на ова овошје самостојно или во салата може да помогне во намалување на нивото на холестерол, така што срцето ќе ви биде заштитено од најразлични болести како што се мозочен удар и срцев удар.
Аспарагус
Подгответе за вечера најмалку еднаш неделно, бидејќи аспарагусот е одличен извор на витамин Б12 и фолат кои се потребни да се осигурате дека вашиот невролошки систем ќе функционира правилно. Оние со ниско ниво на витамин Б12 и фолат се повеќе склони кон депресија.
Јогурт со малку маснотии
Јогуртот со малку маснотии не е наменет за намалување на тежината, но може да ви помогне да останете здрави. Прво, пробиотиците присутни во јогуртот можат да ви помогнат да ја одржите цревната флора, а покрај јогуртот, можете да се одлучите и за ферментирана храна како што се кефир или кисела зелка за да помогнат при варењето и да му овозможите на организмот подобро да ги апсорбира хранливите материи од храната што сте ја јаделе.
Темно чоколадо
Јадењето темно чоколадо може да ја подобри циркулацијата на крвта, па дури и да го намали крвниот притисок. Темното чоколадо всушност има флавоноли кои можат да ве заштитат од УВ зрачење. Но, не претерувајте, доволно се две коцки.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар