Вести
Народна банка: Заштитен е имотот на Еуростандард, плаќањата извршени на 12 август не се загрозени
По известувањето од Основниот граѓански суд Скопје дека е усвоен предлогот за отворање на стечајна постапка над „Еуростандард банка“ АД Скопје и дека е определен стечаен управник, Народната банка ја извести јавноста дека штитејќи го интересот на депонентите и доверителите, активно ги презема сите активности коишто во периодот до отпочнување на стечајната постапка се нејзина законска надлежност.
„Заштитен е имотот на Банката, во функција на обезбедување дел од предусловите за спроведување ефикасна и брза стечајна постапка во рамки на која треба да се наплатат побарувањата на доверителите и дел од депонентите. Ги известуваме граѓаните коишто на 12 август 2020 година извршиле готовински и безготовински трансакции преку „Еуростандард банка“ АД Скопје за плаќање на сметки (струја, вода и др. давачки), вклучително и преку уплати во АД „Пошта на Северна Македонија“ дека трансакциите ќе бидат реализирани во наредните неколку дена и нема потреба граѓаните да ги плаќаат истите сметки одново. Тимот на Народната банка е максимално посветен и за да придонесе за што побрзо завршување на сите административни процедури поврзани со исплатата на обесштетувањето на депозитите на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити.“, соопшти Народна банка.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар