Што, како, каде?!
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата

Секоја жена знае колку многу значи задоволството од негувано и средено лице и тело, и дека најдобро е таа грижа да се препушти во рацете на докажани професионалци, кои работат со љубов и посветеност.
Токму затоа, Центарот за убавина „Natasha Beauty Center“ во Гостивар ужива голема доверба кај припадничките на понежиот пол, веќе цели 14 години. Од денес, на радост на клиентките, салонот за убавина е подновен, осовремен, разубавен и на нова локација.
Четиринаесеттиот роденденот беше одбележан со дружење, букети цвеќе, споделени насмевки, позитивни вибрации, коктел и подароци…
„Го славиме 14-тиот роденден на нашиот Beauty Center и свеченото отворање на нова локација. Среќни сме што имаме можност цел ден роденденски да се дружиме и да разменуваме позитивна енергија со нашите пријателки кои не‘ почестија со своето присуство. Може да кажам дека жените во Гостивар навистина обрнуваат внимание на својот изглед и нега. Жената секогаш треба да биде негувана и убава, да се грижи за себе, а секако ние сме овде да помогнеме во тоа. Имаме најразлични современи апарати, третмани и методи, за сечија желба и потреба. Отворени сме секој ден од 11 до 19 часот, освен во недела.“, рече сопственичката на Центарот за убавина, Наташа Трпеска.
По повод роденденот и отворањето на новиот салон, беше приредено и пријатно изненадување за жените, односно подарок бесплатни третмани и услуги.
Центарот за убавина „Natasha Beauty Center“ има долга листа на услуги за разубавување во која се опфатени: третмани за нега на лице, третмани за нега на тело и слабеење, пилинг на тело, масажи (антицелулитни и релаксирачки) изработка на нокти, трепки, филер за усни, педикир, депилација, солариум итн.
Новата локација на „Natasha Beauty Center“ е на улица „Гоце Делчев“ (кај Жито маркет) зграда 1, прв кат, стан бр.5. Контакт телефон: 078227728 / 077800809

Новата локација на „Natasha Beauty Center“ е на улица „Гоце Делчев“ (кај Жито маркет) зграда 1, прв кат, стан бр.5. Контакт: 078227728 – 077800809
(комерцијална објава)
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос