Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Научници препорачуваат да се додава витамин Д во лебот заради заштита од ковид

Објавено

на

Научниците од Велика Британија побараа властите да одобрат додавање на витамин Д во вообичаената храна како леб и млеко, за да се помогне во борбата против коронавирусот. Бројни студии покажаа дека ниското ниво на витамин Д го зголемува ризикот од инфекција со вирусот или доведува до посериозни последици.

Скоро половина од популацијата во Велика Британија има недостаток на витамин Д, а владините препораки граѓаните да го земаат преку суплементи не функционираат, барем според експертската група формирана од д-р Герет Дејвис, истражувач по медицинска физика, пишува The Guardian.

Минатата недела, истражувачите во Шпанија откриле дека 82% од пациентите со коронавирус од 216 примени во болница имаат ниско ниво на витамин Д.

Сликата, сепак има и друга страна. Одредени истражувања покажале дека нивото на витамин Д има малку или никакво влијание врз ковид-19, грип и други респираторни заболувања.

Министерството за здравство на Англија во последните 10 години не одобрува збогатување на витамин Д на храната како млеко, леб и сок од портокал, што е практика во Финска, Шведска, Австралија и Канада.

„Според мое мислење, јасно е дека витаминот Д не само што може да заштити од сериозноста на болеста, туку може и да заштити од инфекција. Треба внимателно да се испланира збогатување на храната за да се направи тоа ефикасно, особено затоа што луѓето сега земаат додатоци во исхраната. Храната збогатена со витамин Д бара посебно внимание“, рече Дејвис.

Адријан Мартини, професор по респираторни инфекции на Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, кој не е дел од групата Дејвис, спроведува клиничко испитување за да види дали витаминот Д може да го намали ризикот од ковид-19.

Студијата Коронавит, која започна минатата недела, ќе следи повеќе од 5.000 луѓе во текот на зимата.

“Владата препорачува целото население да зема додатоци на витамин Д во зимските месеци, а луѓето во ризични групи го земаат овој витамин во текот на целата година. Но, знаеме дека луѓето едноставно не го прават тоа во значителен број. Дури и јас понекогаш заборавам да го земам”. – рече Мартини.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена