Поврзи се со нас

Гостивар

Нема да молчам! Трибина во Гостивар за борбата против насилството врз жените

Објавено

на

Во рамки на меѓународната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство“ попладнево во Гостивар се одржа тркалезна маса на која се зборуваше за семејното насилство, состојбите со оваа појава на подрачјето и начините како да им се излезе во пресрет на жените жртви. Настанот го организираше координаторката за еднакви можности од Општина Гостивар, Азра Нуредини во соработка со Националниот совет за родова рамноправност.

„Целта на кампањата за 16 дена активизам е да се промовира СОС линијата 141-700 на која секој што се соочува со насилство, односно е жртва да го пријави. Линијата е бесплатна и функционира 24/7, а ќе продолжи да работи и по завршување на кампањата“, истакна Нуредини.

Во насока на што поголема поддршка и помош за жртвите на семејно насилство, Општина Гостивар разгледува можности за отворање на шелтер центар за нивно згрижување.

„Општина Гостивар постојано ги поддржува активностите кои се врзани со борбата против семејното насилство. Се надевам дека еден од проектите кои ќе успееме да ги спроведеме во 2023 година, заедно со сите невладини организации кои дејствуваат на ова поле е отворање на засолниште за жртвите на родово насислтво“, рече претседателот на Советот на Гостивар, Валбон Лимани.

На трибината пред присутните говореше и претседателката на Националниот совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска, која повика жртвите да не молчат и да не го кријат насилството.

„Насилството над жената е едно зло кое можеби условно речено е стереотипно, жените сметале дека треба да го трпат и од таа причина не се говореше, се молчеше и самите жени го прифаќаа како „тоа ми е така пишано од природата“. Сметале дека треба да го трпат и да не го кажуваат ни на најблиските, а камо ли на институциите. Затоа нашата кампања е под мотото Нема да молчам!“, подвлече Тодоровска.

На настанот присуствуваа претставници од институции, организации, бизнис секторот и др.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Да се остранат возилата на патот Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново, повика „Македонија пат“

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена