Рецепти
Необична летна салата

Веројатно веќе знаете дека омиленото овошје на многумина е всушност – зеленчук. Лубеницата е едногодишно растение од семејството тиква, па затоа кај ботаничарите нема сомнение дека не е овошје. Има многу сладок вкус и освежителен, а кога малку ќе го гризнете белиот дел под кората, сигурно ќе забележите дека наликува на свежа краставица.
Причината за ова лежи во фактот дека лубеницата, исто како и краставицата, претежно е составена од вода. Лубеницата всушност им дава одличен вкус на салатите. Затоа, пробајте го овој рецепт за една освежителна и богата летна салата.
Потребни состојки:
еден голем домат
едно парче лубеница
150 гр. фета сирење
една мала црвена пиперка
половина мала свежа краставица
половина кромид
маслинки
неколку лисја од босилек
маслиново масло
оцет
сол и бибер
Подготовка:
Измијте ги доматите, исечете ги на тенки парчиња и ставете ги во сад. Додадете ја лубеница исечена на коцки и краставицата исто така. Измијте ги и пиперките, извадете ги семките, потоа исечете ги на ленти и додајте ги во садот, а потоа додадете го и кромидот исечен на крукчиња или ленти.
Зачинете со сол и бибер, додадете масло и оцет по желба и потоа промешајте. На крај, додадете ја фетата во салатата. Додадете и малку маслиново масло, по желба може да ставите и сецкан босилек.
Добар апетит!
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022