Поврзи се со нас

Локални избори 2017

Носителот на листата од СДСМ, Зоран Ангелов на прес ги претстави приоритетите во изборната програма

Објавено

на

 

Носителот на советничката листа за Гостивар од Коалицијата предводена од СДСМ, Зоран Ангелов на првиот ден од кампањата одржа прес на кој ја побара поддршката од гостиварци и презентираше дел од изборната програма.

„Во оваа држава промените на подобро започнаа. Со формирањето на Владата и со проектите и политиките кои извршната власт веќе ги спроведе и започна да ги спроведува го подобруваме жиивотот на сите граѓани во Република Македонија. Но, сега ни треба вашата поддршка и на локално ниво, за да продолжиме со исполнување на нашите ветувања и предвидени политики тука, многу поблиску до вас и со решавање на проблемите тука, во нашата најблиска средина. Поддршка за живот во Гостивар за сите“, рече Анѓелов и потенцираше неколку поважни прашања кои се опфатени во Програмата на Коалицијта на СДСМ.

„За Гостивар и регионот, депонијата Русино, претставува еколошка бомба. Ние тој проблем ќе го решиме преку јавно-приватно партнерство и овозможување на изградба на фабрика за рециклирање на отпад на веќе одредена локација, во месноста викана Краста. Исто така, приоритет ќе ни биде и потребата на Гостивар од алтернативни извори на енергија. Со гасификацијата, во Гостивар во перспектива ќе се релаксира електроенергетскиот систем и ќе се намали загадувањето на воздухот. На граѓаните со тоа ќе им се намалат и трошоците за електрична енергија. Гостивар нема ниту секојдневен пазар. Постоечкиот не ги исполнува секојдневните потреби на граѓаните, а ниту хигиенските и санитарни услови. Новиот современ пазар кој е дел од нашата програма би бил затворен зелен пазар кој ќе работи секојдневно. Во нашата програма е предвидено и конечно да се реши проблемот со квалитетот на водата во Гостивар. Ќе обезбедиме замена на старите азбестни водоводни цевки чија употреба Европската Унија ја забрани уште во 2005 година. Ќе обезбедиме и изградба на прочистителна станица за отпадни води. Со станицата ќе се овозможи и заштита на површинските води од реките во гостиварско“, нагласи Ангелов.

Тој заедно со кандидатите за советници од Коалицијата на чело со СДСМ ги повикаа гостиварци да го дадат својот глас за нивната Програма со која, како што рекоа ќе се подобри животот на сите граѓани и Гостивар ќе биде отворена и услужна општина за сите.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена