Гостивар
Новиот Младински совет на Гостивар и градоначалникот си ветија соработка

Членовите на Советот на млади на Гостивар, кој неодамна беше реоформен, денес беа на прием во општината каде остварија средба со градоначалникот Арбен Таравари. Поразговараа за плановите, претстојните активности, проекти и си дадоа ветување дека ќе развиваат соработка во интерес на младата популација.
„Ова е реорганизиран Младински совет, мило ми е што сами, автономно избрале раководство кое ќе ги води. Се надевам дека ќе бидат активни во наредните две години, колку што им трае мандатот, ќе можеме да реализираме заеднички проекти. Мојата порака до нив е дека ќе бидеме тука за поддршка и соработка, ќе помогнеме колку што можеме како општинска администрација. Не ми преостанува ништо друго, освен да им кажам: Ајде да почнеме да работиме, да реализираме проекти што се во интерес на младите во нашата општина“, изјави градоначалникот.
За претседател на Младинскиот совет е избран Леутрим Билали, а за потпретседател Викторија Филипоска.
„Наш приоритет е да ја зближиме младината на Гостивар. Ќе работиме во интерес на младината, затоа што веруваме дека младите ги имаат истите проблеми, без разлика каков бекграунд имаат. Според законот на млади, Советот е советодавен орган во општината, па ние планираме да имплементираме и да правиме проекти заедно со општината, се‘ во служба на младите.“ , рече Билали.
Локалниот младински совет на Општина Гостивар има 11 членови кои доаѓаат од средни училишта, подмладоци на политички партии и граѓански организации.
„Мило ми е што во Советот сме собрани младинци од различни страни и верувам дека ќе работиме сите заедно на активности и проекти коишто ќе имаат цел надминување на проблемите и совладување на предизвиците на младината., кажа Филипоска.
Одлуката за реактивирање на Младинскиот совет беше донесена на седница на Советот на Општина Гостивар во мај годинава.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!