Гостивар
НП Маврово со современа технологија ќе се бори против шумските пожари

На територијата на Националниот парк Маврово се одржа обука на дел од вработените од паркот како дел од активностите кои се предвидени во рамките на проектот, „Напредни системи за превенција и рано откривање на шумски пожари“.
Проектот е финансиран во рамките на повикот за Програмата за цивилна заштита 2016. Главната цел на проектот е развивање на напредни концепти за системите за рано откривање на шумските пожари со интегрирани мрежи на сензори и мобилни технологии, беспилотни летала (дронови) за собирање, стекнување и анализа на податоци, што ќе овозможи подобрување на процентот на откривање на пожари во областите од висок степен на важност.
Директорот на Националниот парк Маврово Самир Ајдини, пред финалната фаза на проектот имаше состанок со координаторот на проектот, професор Петер Пеинл, деканот на Воената академија професор Орце Поповски, проект-менаџерот од Воената академија Никола Клетников и со преставниците на COMICON од Бугарија кои се партнери во проектот и претставници од Главната дирекција за противпожарна и цивилна заштита од Бугарија, каде беше заклучено дека овој проект е од голема важност за заштитата на природното наследство.
Системот ќе овозможи иден развој и имплементација на различни методологии во почетната фаза на предупредување, локализација и организација на противпожарните тимови и тактики за спречување на природни несреќи.
Обуката се одвиваше во две фази, теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел во кој од страна на предавачите беше презентирано софтверското решение на системот за рана детекција на пожари, неговите оперативни функции и како вработените од паркот да пристапат до него и да ги преземат релевантните информации. Вработените беа запознати со типовите и карактеристиките на беспилотните летала (дронови) и нивната примена во секојдневниот живот како и примената на истите во работата во Националниот парк Маврово.
Во практичниот дел од обуката беше предвидено управување на дроновите, каде учесниците имаа можност да ги управуваат истите при што се стекнаа со значајно искуство за работата, карактеристиките и предностите кои можат да се применат во секојдневната работа на паркот посебно во раната превенција на пожари.
Од ЈУНП Маврово потенцираат дека со овој проект безбедносните капацитети на паркот се значително зајакнати и преку примената на овој систем кој засега е предвиден на само еден дел од паркот, ќе се извлечат значајни заклучоци од примената на современата технологија во борбата со шумските пожари, што ќе придонесе инсталирање на исти или слични технологии на територијата на целиот парк.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести