Поврзи се со нас

Гостивар

Платформа за антикорупција во Гостивар: Корупција има насекаде, граѓаните да пријавуваат

Објавено

на

Што е корупција, како да се препознае, во кои институции може да се пријавуваат случаите и како да се делува во борбата против оваа појава? Ова беа дел од прашањата за кои граѓаните на Гостивар денес имаа можност да добијат одговори и да се информираат во рамки на промотивните активности на Платформата на граѓански организации за борба против корупција. Активисти на посебен штанд на градскиот плоштад делеа информативни брошурки и свирчиња со симболика граѓаните да се охрабрат да го подигнат гласот против коруптивни дејства и да ги пријавуваат.

Корупција има во многу делови од општеството, а во борбата против неа многу е важно секој поединец да знае да ја препознае и да биде информиран каде може да се обрати за помош, рече Марија Сунчевска, проект координатор. „Имаме добри законски решенија кои треба да се применуваат и затоа ние, како Платформа сакаме да ги истакнеме тие законски решенија и како може да се искористат. Првично мора да се зголеми свеста кај граѓаните за тоа што е корупција и како да соработуваат со институциите и граѓанските организации во насока на спречување на корупцијата“, нагласи Сунчевска.

Во рамки на денешните активности на Платформата на граѓански организации за борба против корупција во Гостивар се одржа и дебата, на која младите гостиварци се запознаа со  антикорупциските практики на национално ниво и актуелните јавни политики за сузбивање на корупцијата.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена