Вести
Обука во Гостивар за родители на деца со церебрална парализа
Професионални лица ќе ги обучуваат родителите на деца со церебрална парализа во Гостивар за правилно користење на ортопедски помагала во домашни услови. Обуката е бесплатна, а ја организира Здружението на деца со посебни потреби „Заедно можеме“ во соработка со своите партнери. Настанот ќе се одржи на 9-ти мај (среда) во големата сала во општина Гостивар со почеток во 17 часот.
На тема „Живот со дете кое боледува од церебрална парализа“ ќе говори д-р Јулијана Мудинова, специјалист по физикална медицина и рехабилитација на Клиниката за ортопедија во Скопје. Презентацијата на тема „Помагала за олеснување на секојдневните активности на родителите и децата со церебрална парализа“ ќе ја одржи д-р Дарко Василески од Medicus Help од Скопје.
„Ги повикуваме сите родителите што имаат деца со церебрална парализа да присуствуваат на обуката. Освен за користење во домашни услови ќе ги информираме и за постапката како да ги земаат ортопетските помагала преку Фондот за Здраствено осигурување“, велат организаторите.
Заинтересираните за подетални информации може да се обратат до Здружението на тел: 070 688 548 и 078 427 881.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ