Култура
„Од спознанието до…“ делата на Перовски и Чатмов изложени во Гостивар

Вчеравечер во малата сала на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар беше отворена изложбата на слики од академските ликовни уметници Спаско Перовски и Трајче Чатмов, двајцата од Велес.
„Оваа поставка е само еден мал дел од опусот на двајцата уметници низ годините и пресек на нивното долгогодишно творење. Двајцата имаат реализирано голем број на самостојни и групни изложби, учества на ликовни колонии, но за прв пат во еден ваков заеднички проект. Изложбата ја нарековме Од спознанието до…при што трите точки на краот оставаат простор за различни исчитувања, ако што се различни сензибилитетите и авторскиот ракопис на двајцата уметници“, рече Лидија Новаковска, организаторка на настанот.
Уметниците се заблагодарија на можноста за реализација на ваков проект и изразија задоволство што заеднички се претставуваат за прв пат пред гостиварските љубители на уметноста.
Сликите на Чатмов се работени во техника акрил на платно, додека Перовски користи комбинирана техника.
Изложбата, која се реализира со поддршка на Општина Гостивар ќе биде отворена за посетители до 19 декември.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава