Гостивар
Од Вардар извлечено телото на машкото лице по кое трагаше гостиварската полиција
Утрово околу 10 часот од водите на Вардар, на потегот меѓу гостиварските села Форино и Чегране пронајдено е и извлечено телото на машкото лице, за кое вчера попладне беше пријавено дека било забележано во реката, дознава Gostivarpress.mk.
На местото кадешто е пронајдено се врши увид од Јавен обвинител и полициски екипи. Телото е предадено на обдукција, ќе се утврдува идентитетот, дали врз него има траги на насилство и други детали. Неофицијално, станува збор за 18 годишно момче од Гостивар.
Случајот беше пријавен вчера околу 16 часот од жител на гостиварско Мало Турчане, кој го забележал телото во Вардар близу селото, се обидел да го извлече, но не успеал. Веднаш потоа, полицијата и противпожарната единица започнаа потрага, која беше прекината ноќеска и продолжи утрово, кога и беше пронајдено телото.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар