Поврзи се со нас

Спорт

Официјално: ЛШ во Лисабон, ЛЕ во четири германски градови

Објавено

на

Извршниот комитет на УЕФА, на состанокот одржан на 17 jуни, донесе одлуки во врска со продолжетокот на европските натпреварувања. Ќе се играат завршни турнири, Лигата на шампиони во Лисабон, додека Лигата Европа во четири германски градови.

Завршниот турнир од Лига на шампиони, на кој ќе учествуваат осум екипи, ќе се одржи во Лисабон. Четвртфиналето, полуфиналето и финалето ќе се играат од 12-ти до 23-ти август. Осминафиналните натпревари пак ќе бидат на програмата 7-ми и 8-ми август, но сеуште не е одлучено дали и овие мечеви ќе се играат во Португалија или не.

Завршниот турнир од Лига Европа, односно четвртфиналните, полуфиналните натпревари и финалето ќе се играат во Келн, Дуизбург, Дизелдорф и Гелзенкирхен помеѓу 10-ти и 21-ви Август. Осминафиналните дуели ќе се играат на 5-ти и 6-ти август со тоа што Интер – Хетафе и Севиља – Рома ќе играат еден натпревар и тоа во Германија.

Кога станува збор за квалификациите за европските клубски натпреварувања за сезоната 2020/2021 во Лига шампиони, во првите три рунди ќе се игра само по еден натпревар, додека двомеч системот ќе се врати во плеј-офот. За разлика од ЛШ, во квалификациите за Лига Европа во сите рунди ќе се игра по еден нтпревар.

УЕФА Суперкупот, кој требаше да се игра во Порто, преместен е во Будимпешта, а ќе се игра на 24-ти септември.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена