Поврзи се со нас

Гостивар

Околу 140 проекти во Развојната програма на Гостивар за догодина – асфалтирања, водоводи, канализација…

Објавено

на

Околу 90 проекти за изградба и реконструкција на патишта, дваесетина за реновирања на училиштата и над 30 за нови водоводи и канализации, содржи Развојната програма на Општина Гостивар за следната година. Документот, кој опфаќа вкупна финансиска рамка од скоро 20 милиони евра доби зелено светло од општинскиот Совет на вчерашната седница.

Програмата ја подготвиваме во консултација и со предлози за проекти директно од граѓаните на градот и населените места, на средби со Месните заедници, рече градоначалникот Арбен Таравари.

„Да бидам искрен до крај. Развојната програма е многу пообемна од финансиските капацитети, меѓутоа подобро е проектите да стојат во документот и што ќе можеме ќе реализираме, отколку да ги нема, а евентуално да може да се спроведат. Програмата е можеби 5-6 пати поголема од нашите финансиски можности, особено во период на пандемија“, нагласи градоначалникот.

Програмата предвидува реконструкција на улиците „Беличица“, „Илинденска“, „ЈНА“, низ околните населби и села, бул „Гоце Делчев“, изградба на спортски игралишта во Циглана и на ул „Мара Угринова“, потоа водоводни линии и канализација во повеќе села, уредување на санитарни чворови, замена на врати и прозори, и други зафати низ училиштата во градот и во селата.

Инвестициите за инфраструктурни проекти се проектирани со над 7 милиони евра, водовод и канализација над 12 милиони евра и за училиштата 900 илјади евра.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена