Спорт
Октај Дерелиоглу: Без разлика на сите надворешни фактори, против Воска ќе одиме на победа

Кординаторот и тренер на Фудбалскиот клуб Гостивар, поранешниот турски фудбалски интернационалец Октај Дерелиоглу за прват се обрати пред утрешниот дерби натпревар против Воска Спорт.
Дерелиоглу нагласи дека претстои натпревар поврзан со врвот на табелата и без разлика на сите надворешни фактори со кои беше поврзуван ФК Гостивар изминатиот период, ќе атакуваат на победа пред домашните навивачи.
„Ни претстои меч со Воска кој е тесно поврзан со врвот во лигата. Се обидуваме да го заборавиме поразот од Пелистер во купот и да се фокусираме на мечот со Воска. Нашата желба е да победиме пред нашите навивачи и да се движиме самоуверено и цврсто кон нашата единствена цел, шампионатот. Имаме моќ за тоа. Сè уште сме во врвот во табелата. Камењата ќе дојдат на своето место со текот на времето. Без разлика на сите надворешни фактори, ние ќе се фокусираме на нашата работа и ќе продолжиме да работиме напорно“, изјави Дерелиоглу.
По четири одиграни кола, ФК Гостивар се наоѓа на делба на второто место на табелата во 2МФЛ, со два бода негатива зад лидерот ФК Воска Спорт од Охрид.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава