Поврзи се со нас

Вести

Општините во Полог ќе имаат подобар и интегриран систем за заштита од поплави, почнаа инфраструктурните зафати

Објавено

на

    Со чистење и санација на речното корито на Боговињска река во општина Боговиње почнаа големите инфраструктурни зафати за контрола и отпорност кон поплавите во полошкиот регион, со цел намалување на последиците од идни катастрофи. Оваа активност е дел од Програмата за подобрување на отпорноста кон поплави во Полог, финансирана од Швајцарската влада и предвидува трансформациска промена на системот за заштита од поплави преку развој на интегриран и софистициран пристап во справувањето со поплавите и друг вид катастрофи во Полог.

    Заедно со унапредување на системот за подготвеност и рано предупредување, во рамките на проектот за прв пат во земјата е создадена мрежа од девет општини, Тетово, Гостивар, Теарце, Боговиње, Врапчиште, Желино, Јегуновце, Маврово-Ростуше и Брвеница кои заеднички работат на изработка на планови за заштита од поплави, меѓуопштинска координација и унапредување на инфраструктурата со цел подобрување на безбедноста, заштита на животите и имотите во случај на идни поплави.

    „Северна Македонија, слично како и Швајцарија е земја која е изложена на ризици од катастрофи, особено на ризици од поплави. Полошкиот регион, како најизложен во земјата, во минатото се соочи со трагични поплави кои во 2015 година однесоа човечки животи, уништија патна инфраструктура и куќи и имоти“, изјави амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман. „Овие трагични настани ги покажаа слабостите на системот за управување со поплави, неефикасната координација меѓу институциите, несоодветната легислатива и слабиот систем на рано предупредување. За подобрување на овие состојби во 2017 година го почнавме овој проект, со цел да развиеме интегриран систем за управување со поплавите и други катастрофи“, додаде Улман.

    „Не можеме да го спречиме доаѓањето на поплавите,  но можеме да се подготвиме што подобро за да ги минимизираме штетите. Со помош на донаторите, Министерството за животна средина и Владата прават максимални заложби да им помогнат на општините да ги зајакнат капацитетите за заштита од поплави. Идната недела ќе почнат и градежните работи за спроведување на мерки за структурна и биоинженерска заштита од поплави во село Шипковица во општина Тетово, за кои Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедува кофинансирање од 49% од вкупниот износ “, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

    „Задоволство ми е да видам како се одвива реконструкцијата на речното корито на Боговињска река во должина од 1,2 километри. Оваа комплексна операција ќе заврши кон крајот на годината и ќе ја подобри отпорноста на заедницата кон поплави, а на жителите на Боговиње ќе донесе одржлив општествен и економски раст. Заедно со донаторите и партнерите работиме на интегриран пристап за пдообрување на отпорноста на Полошкиот регион кон поплави и други катастрофи, помагаме во изработка на планови и работиме на инфраструктурни проекти во деветте општини кои претрпеа сериозни штети во поплавите од минатите години“, изјави Армен Григорјан, Постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации.

    „Ова е значаен ден за општина Боговиње. Санацијата на реката која минува низ центарот на општината за жителите ќе донесе поголема безбедност, заштита на животите и имотите во случај на поплави, но и нормално секојдневно функционирање како одење на работа, на училиште, на лекар или извршување на земјоделски активности“, рече градоначалникот на општина Боговиње, Бесник Емшиу.

    Целта на Програмата вредна 12 милиони швајцарски франци, финансирана од Швајцарската влада, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, е воведување на систем за интегрирано управување со поплавите и други ризици (свлечишта, одрони, порои) согласно современите светски искуства.

    Сподели ја веста:

    ИСТРАЖУВАЧКА АНКЕТА:

    Дали користите PayPal?

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement

    Отворени огласи за вработување:

    Advertisement
    Гостиварпред 3 недели

    Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

    Гостиварпред 1 месец

    Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

    Спортпред 1 месец

    Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!

    Спортпред 2 месеци

    МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

    Спортпред 2 месеци

    Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

    Вестипред 2 месеци

    Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

    Спортпред 2 месеци

    КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

    Гостиварпред 2 месеци

    Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

    Гостиварпред 2 месеци

    Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

    Културапред 2 месеци

    Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

    Спортпред 3 месеци

    2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

    Гостиарскипред 3 месеци

    Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

    Гостиварпред 3 месеци

    Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

    Гостиварпред 1 недела

    Градскиот стадион во Гостивар добива нов современ лик

    Гостиварпред 2 недели

    Утре цел Гостивар и селата без струја неколку часа!

    Гостиварпред 2 недели

    Нов потфат на сопружниците Зендели од Гостивар, го искачија највисокиот врв во Иран

    Гостиварпред 2 недели

    Прекин на струјата утре во села и населби во Гостивар и Врапчиште

    Гостиварпред 2 недели

    Амбасадорот на Кина и Зам.Амбасадорот на Италија уживаа во убавините на НП Маврово

    Гостиварпред 2 недели

    Наградени математичари на прием кај градоначалникот Таравари

    Гостиварпред 2 недели

    Благодарница за скијачот Виктор Петков од Општина Гостивар

    Гостиварпред 1 недела

    Изложба во Гостивар: Девојките често добиваат сексуално вознемирувачки пораки по интернет

    Македонијапред 1 недела

    За влез во ЕУ од 2023 година, задолжително ETIAS барање и 7 евра влезница

    Занимливостипред 2 недели

    Роверот на НАСА сними човечки отпад на Марс

    Македонијапред 2 недели

    Деца од социјални семејства на бесплатен седумдневен летен одмор

    Гостиварпред 2 недели

    Кога ќе има конечна ранг листа за социјалните станови во Гостивар?

    Гостиварпред 2 недели

    Дечиња од Гостивар другаруваа, се едуцираа и порачаа: Разликите не‘ зближуваат!

    Вестипред 22 минути

    Цената на струјата во ЕУ урива рекорди

    Македонијапред 1 час

    Дополнителна субвенција од 5.760 денари за сите земјоделци со еден или повеќе хектари житни култури

    Здравје и убавинапред 2 часа

    Бананата помага за понизок крвен притисок

    Македонијапред 14 часа

    Протест против францускиот предлог пред Влада и Собрание

    Гостиварпред 17 часа

    На три локации во Вруток пронајдени 12 кубика огревно дрво од дива сеча

    Македонијапред 19 часа

    Францускиот предлог објавен на македонски јазик на веб страницата на Владата

    Македонијапред 20 часа

    Последни три дена нови 290 заразени со коронавирус

    Вестипред 20 часа

    Пукотници на плажа кај Валона, има повредени

    Гостиварпред 21 час

    Лишен од слобода 39 годишник од Добридол поради напад врз соселанец

    Македонијапред 21 час

    Села: Единствен пат ЕУ што побргу, албанскиот јазик да стои во Уставот

    Гостиварпред 22 часа

    Отворена Летната школа во Гостивар, вклучени се над 740 деца

    Гостиварпред 23 часа

    Судир на три возила во Гостивар, едно лице со тешки повреди

    Македонијапред 24 часа

    Се намалува цената на горивата

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена