Гостивар
Отворена изложба на Решат Амети со која одбележува 30 години творештво

Вчеравечер во Даут пашин амам во Скопје беше отворена ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети од Гостивар, со наслов „30 Години уметност“.
Токму 3 децении поминале од првата самостојна изложба на Амети, која ја реализирал во 1990 година, во галеријата Киви во Виена, Австрија.
Од тогаш па до денес, неговото творештво е презентирано низ целот свет, на сите континенти. Неговите дела содржат философско-интелектуален призвук на суптилен израз со естетско чувство за експресија, геометрија, динамика, асоцијативна наративност и промисленост. Централни точки во неговиот творечки ангажман се: геомертијата како праформа, праматерија, создадена од перфекционистичкото и испрофилирано човеково битие, лириката во облик на гест, знак, материја која ја динамизира композицијата, светлината како извор на животот, духовноста, вербата, религијата, љубовта и секако традицијата како елемент на личната идентификација.
На изложбата„30 Години уметност“ претставени се дела од сите периоди, фази и уметнички дискурси работени во текот на творечкиот век. Изложбата ќе биде отворена до 29-ти ноември.
Решат Амети е добитник на повеќе награди и признанија како наградата за сликарство “Лазар Личеноски” од ДЛУМ- 2009г. и “11 Октомвриската награда “ за сликарство 2014г. Учесник е на многу ликовни колонии во државата и надвор.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче