Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Ова се неколку последици од секојдневно консумирање алкохол

Објавено

на

Многу луѓе наоѓаат изговори за рекреативно консумирање алкохол, верувајќи во неговите наводни придобивки. Долго време се веруваше во позитивното влијание на алкохолот врз бројни здравствени резултати, од добро здравје на срцето до долговечност. Реалноста е поинаква.

Здравствените придобивки од консумирањето алкохол се можни, но реалноста е дека алкохолот е токсична, психоактивна супстанца. Според Светската здравствена организација, алкохолот е одговорен за до три милиони смртни случаи годишно. Дали овој порок одговорен за тешки несакани ефекти и болести може да биде добар за нас?

Неодамнешните студии покажуваат дека штетите од секојдневното консумирање алкохол може да ги надминат потенцијалните придобивки, но какви ефекти може да очекувате од еден до два пијалоци на ден? Ова се само дел од работите од она што се случува во вашето тело кога консумирате алкохол секој ден.

Намален квалитет на сонот

Една чаша вино може да ве заспие, но дали има добар ефект врз целокупниот сон? Алкохолот е депресив и има седативно дејство, што може да им помогне на луѓето да спијат, сепак, лош сон е речиси загарантиран. Алкохолот влијае на квалитетот на сонот со тоа што ја прекинува РЕМ фазата (оваа фаза трае 10-20 минути и мозокот станува многу повеќе активен, дури се приближува до активноста која ја има кога ние сме будни. Во оваа фаза сите мускули на телото се привремено парализирани, освен мускулите кои ги придвижуваат очите и мускулите кои го контролираат дишењето). Исто така повеќе студии имаат покажано дека луѓето кои почесто консумираат алкохол имаат поголема веројатност да доживеат краток сон, ‘рчење и апнеја при спиење.

Можно намалување на волуменот на мозокот

За многумина чаша пиво е начин да го „исклучат мозокот“ и да се опуштите по напорниот ден. За жал, кога станува збор за здравјето на мозокот, секојдневното консумирање може да придонесе за постепено смалување. Научен труд од 2022 година открива дека само еден пијалок дневно може да биде поврзан со промени во обемот на сивата и белата материја во мозокот. Луѓето кои консумирале поголеми количини алкохол на дневна основа покажале уште поголемо намалување на обемот на мозочната материја.

Нарушувања на расположението

Алкохолот често се користи како механизам за борба против лошото расположение, но се има покажано дека алкохолот може да придонесе за маѓепсан круг на лошо расположение. Како депресив, алкохолот има директно влијание врз рамнотежата на невротрансмитерите во мозокот. Можно е да се чувствувате опуштено и самоуверено за време на конзумирањето, но штом алкохолот се метаболизира, хемиските промени кои настануваат потоа може да доведат до раздразливост, анксиозност, депресија или лутина.

Лошо орално здравје

Како диуретик, алкохолот ја исфрла водата и солта од телото и може да предизвика дехидрација. Чувството на очајна потреба за вода и сува уста после ноќно пиење се резултат на дехидрација. Освен непријатност, сувата уста може да доведе до воспаление во устата и намален проток на плунка, што предизвикува расипување на забите.

Подложност на зголемување на телесната тежина

Ефектот на алкохолот врз тежината е делумно поврзан со лошиот сон. Друг начин на кој алкохолот влијае на тежината е неговата калорична содржина. Алкохолот е вториот најкалоричен макронутриент и не содржи никакви хранливи материи, а исто така ја зголемува тенденцијата на поединецот кон повеќе калорична храна.

Намален имунитет

Силен имунолошки систем е од суштинско значење за борба против болеста. Голем дел од имунолошкиот систем се наоѓа во гастроинтестиналниот тракт, што е првата точка на контакт со алкохолот по директно консумирање. Честото консумирање може да доведе до синдром на течење на цревата, кој подоцна предизвикува воспаление низ целото тело, ги менува позитивните бактерии во цревата и ги оштетува крвните клетки.

Лошо здравје на дигестивниот систем

Здравото црево е важен дел од целокупното здравје. Го одржуваат расположението стабилно, ги регулираат хормоните, обезбедуваат добар имунитет и слаби воспаленија. Алкохолот може да направи хаос во цревата, да ја оштети слузницата на гастроинтестиналниот тракт и да ги убие корисните цревни бактерии. Комбинацијата на оштетена лигавица на дигестивниот систем и дисбиоза може да доведе до дигестивни проблеми, лошо расположение, проблеми со кожата и ослабен имунитет.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 11 часа

Внимавајте кога подгревате одредена храна, можни се опасности

Македонијапред 13 часа

Итна набавка на лекот „фезго“, јавно побара пациентка со канцер

Гостиварпред 14 часа

Гостиварецот Златко Панзов добитник на наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод

Гостиварпред 15 часа

Хуманитарното здружение „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар ќе ги субвенционира еднодневните екскурзии на ученици во социјален ризик

Гостиварпред 16 часа

41 годишник нападнат од куче скитник на улица во Гостивар

Македонијапред 17 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Вестипред 17 часа

Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба

Гостиварпред 19 часа

Трагична несреќа на патарина во Гостивар, загина 18 годишно момче

Гостиварпред 19 часа

Детска недела во градинките во Гостивар со работилници, музика, игри, посети

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена