Здравје и убавина
Вкусните праски со бројни здравствени придобивки

Секое лето, покрај јагодите и црешите, тука се и праските кои не мамат со својот мирис и вкус.
Праската е идеална, нискокалорична храна, а воедно и вистинско богатство на хранливи материи неопходни за зајакнување на имунитетот. Витамините во праските можат да заменат речиси 30 проценти од дневните потреби на една личност за витамин Ц и витамин А.
Ако сакате да ги јадете, тогаш прочитајте подолу како праските влијаат на вашето здравје.
Тие го чуваат срцето
Праските се умерен извор на калиум, кој е важна хранлива материја и која помага во контрола на високиот крвен притисок и намалување на холестеролот.
Го подобруваат варењето
Една просечна праска содржи околу два грама влакна, од кои половина се растворливи, а половина нерастворливи. Токму нерастворливите делуваат поволно на нашето варење и помагаат при опстипација, додека растворливите ги хранат добрите бактерии кои влијаат на здравјето на дигестивниот систем.
Го зајакнуваат имунитетот
Редовното консумирање на ова овошје, кое изобилува со споменатите антиоксиданси, витамини и минерали, може силно да влијае на создавање поотпорен имунитет на организмот, што ни помага полесно да се справиме со сезонските настинки и други болести.
Добри се за кожата
Екстрактите од праска често може да се најдат во кремите за лице и тело и тоа не е без причина. Имено, соединенијата од праската ја подобруваат способноста на кожата подолго да ја задржува влажноста, а со тоа и кожата е позатегната. Самите цветови од праска често се користат во алтернативна азиска медицина за ублажување на изгореници од сонце.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!