Поврзи се со нас

Гостивар

Пациенти со висок притисок и силни болки се најчестите во Итната помош во Гостивар

Објавено

на

Ковид пандемијата значително го намали бројот на пациенти кои доѓаат во Итната медицинска помош во Гостивар. Периодов во едно деноноќие лекарска помош во службата бараат најмногу 60-тина граѓани, а најголемиот дел од нив во ноќната смена, кога матичните доктори не работат.

Граѓаните, за разлика од порано, сега кога ќе им се јават здравствени тегоби, не се обраќаат веднаш кај дежурните служби, туку најпрво се обидуваат дома да ги смират тегобите со лекови. Најчестите проблеми поради кои пациентите доаѓаат во Итната помош се покачен крвен притисок и силни болки. Во најголемиот дел од случаите се работи за повозрасни, хронично болни лица.

„Бројот на пациенти споредено со истиот период други години е драстично намален, до 3-4 пати помалку. Во ноќната смена од 19 часот до наутро има од 30 до максимум 60 пациенти, додека во текот на денот 10-тина, затоа што преку ден се обраќаат кај матичните лекари, а ние покриваме итни случаи и повици каде има потреба. Пациентите кои доаѓаат се најчесто од постарата популација, но не се исклучени  и помладите. Најголем дел се хронично болни со висок крвен притисок, дијабетес, срцеви проблеми, силни главоболки, некои настинки. Иако динамиката е намалена, заради пандемијата, сепак пациентите кои имаат потреба се обраќаат тука кај нас и им пружаме помош.“ , вели д-р Марјан Силјаноски од Итната медицинска помош.

Гостиварската Итна помош, која функционира во склоп на Здравствениот дом е ангажирана и во транспортот на потврдени со ковид или суспектни на вирусот од дома до ковид центрите. Во новиот корона бран, актуелно зголемен е обемот во тој дел на работата, за разлика од првите два месеци од годината кога владееше затишје на заразата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена