Гостивар
Пари, телефон и клучеви од автобуси украдени од автобуската станица во Гостивар, приведена девојка

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, денеска (8 септември) ја лишиле од слобода 28-годишната М.И.од гостиварски Вруток, поради сомнение за нејзина инволвираност во тешка кражба која била извршена на Меѓуградската автобуска станица во Гостивар, 6/7 септември, во периодот од 20 до 6 часот.
Од автобуската станица биле одземени пари, мобилен телефон и клучеви од два автобуси. Што точно се случило, на кој начин била извршена кражбата и други детали допрва ќе се утврдуваат.
На чуварот во станицата М.Д.(62) од Гостивар му била укажана помош во гостиварската болница, соопшти МВР.
Кај жителката на Вруток биле пронајдени украдените предмети. Девојката била задржана во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 2 дена
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер