Вести
Продолжува сончевиот септември во Гостивар и регионот
Времето во Гостивар во деновите од новата работна недела ќе биде претежно сончево. На повисоките места во поширокиот гостиварски регион, се очекуваат посвежи температури.
Денес, понеделник беа измерени утрински температури од 10 целзиусови степени, а дневната ќе достигне до максимум 27. Времето ќе биде претежно сончево, а денот ќе трае 12 часа и 25 минути,
Слични временски прилики не очекуваат и во останатите денови од вторник до петок. Метеоролозите не најавуваат значителни промени на времето. Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 28 целзиусови степени. Можни се периоди на кратки наоблачувања, но прогнозите одат во прилог на прилично сончеви денови.
Во Маврово, температурите ќе изнесуваат од 9 целзиусови степени, до максимум 19. Времето ќе варира од повремено облачно со можности за дожд, до претежно сончево.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар