Поврзи се со нас

Гостивар

Петочни состаноци во средните училишта во Гостивар за поголем ред и решавање на проблемите

Објавено

на

Во гостиварските средни училишта отпочна серија на состаноци, во чие средиште се проблемите и предизвиците со коишто се соочуваат учениците. На средбите се разгледуваат состојбите со безбедноста во училиштата, на младите им се укажува за опасностите од алкохол и дрога и се дискутира на разни теми што ги засегаат средношколците.

Таков состанок денес се одржа во средното техничко училиште.

„Присутни се претставници на МВР, Центарот за социјална работа, од училиштата, родители и Унијата на средношколци. Сметаме дека меѓусебната соработка и дискутирањето за состојбите во голема мера ќе помогне во надминување на некои проблеми во училиштата“, изјави Аслијан Снопче, раководител на Сектор за образование во Општина Гостивар.

Стручните лица сметаат дека со средношколската популација особено треба да се работи во насока на поголема почит кон професорите и посериозен однос кон училишните обврски.

„Младите се сега некоја нова генерација, генерација на телефони. За жал, мислат дека се` знаат и средното училиште го доживуваат како нешто веќе видено. Се ставаат во улога на возрасни, професори, некако да недостига почит и на тоа поле мора да се обрне големо внимание. Инаку, што се однесува до проблеми меѓу ученици од различни националности, може да кажам деке во нашето училиште нема такви инциденти, а ние сите и како стручна служба и професорите работиме многу со децата за да се биде во најдобар ред“, рече Кристина Јовановска, педагог  во техничкото училиште.

Одржувањето на превентивни состаноци во средните училишта во Гостивар доби позитивни реакции од училишните раководства, родителите и самите ученици.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена