Поврзи се со нас

Вести

Гостиварката Јанеска во тимот на Ургентниот Центар за Ковид 19 во Марибор, Словенија

Објавено

на

Љубовта кон медицината и желбата за постојано професионално надоградување ја однесоа младата гостиварка Петра Јанеска во Словенија. Трудот, посветеноста и подготвеноста да се вложи максимумот од себе, за нашата сограѓанка резултираат со успеси и нови отворени врати. Во дипломата на Петра од Факултетот за здравствени науки во Марибор се наредени 10-ки, а патот на нејзиното образование продолжува на постдипломски студии. Паралално работи во Ургентниот центар за Ковид-19, во Универзитетскиот клинички центар во Марибор, како дипломирана медицинска сестра. Во ова интервју зборува за искуството како е да се биде во првата борбена линија против моментално најголемиот непријател на човекот во светот-коронавирусот, за својот афинитет кон медицината, за тоа што најмногу и недостига од родниот Гостивар…

1. Работите во Ургентниот Центар за Ковид 19 во Марибор, Словенија. Како е организирана работата таму и како изгледа еден работен ден за медицинскиот персонал?

– Најпрво сакам да ви се заблагодарам за интервјуто и што имам можност да ви ја доловам нашата работа и како ние се справуваме со COVID-19 во Словенија, односно во Марибор. Морам да признаам дека не е баш лесно, секој ден е нов предизвик. Најважна е психичката подготовка зошто самото темпо на работа е динамично и мноу стресно, со самиот збор ургентно. Работиме од 8 до 12 часа на ден, ние сме тим составен од доктори, медицински сестри и болничари. По прием на извештајот за состојбата од претходната смена, се распределуваме на своите позиции, имам среќа да работам со супер-тим каде секогаш владее позитивна атмосфера. Секој пациент кој доаѓа кај нас мора да пополни прашалник и ако позитивно одговори на две прашања, се категоризира како потенцијален заразен со коронавирус и така го третираме. Поделени сме во две зони бела-зона и сива-зона. Во белата зона ги распоредуваме пациентите кои немаат коронавирус, а потребна им е помош и во сивата зона која самата е веќе изолација, оние кои се потенцијално заразени и на кои им се зема брис и прави тест на COVID-19. Додека се чекаат резултатите кои се готови за 3-4 часа, на пациентите им се дава итна помош, лекување, се прави анамнеза и откако ќе ги добиеме резултатите ги распределуваме пациентите, ако се позитивни се хоспитализираат на понатамошен третман, ако се негативни по протокол се упатуваат на одреден специјалист.

2. Како се смени животот во Словенија со пандемијата и какви мерки се воспоставени за заштита на населението?

– Животот во Словенија се смени драстично откако се воспоставија некои законски мерки, се уште е забрането да се собираат луѓе во поголема група на јавни места, забрането беше да се возиме од една во друга општина, затворени беа огромен број на јавни установи, прекинат е јавниот превоз, затворени се угостителските  објекти, козметички салони, кина, продавници. Но, од 4 мај сите тие мерки почнаа да се ублажуваат и секој дон од 8 до 10 часот наутро предност имаат инвалидите, повозрасните луѓе и трудници. Иако сите тие мерки се ублажуваат се уште на некој начин треба да се држиме до тие препораки, односно социјалната дистанца од 2 метри, миење на раце, носење на маски. Што значи животот не само во Словеније е многу сменет и мислам дека луѓето после оваа пандемија малку повеќе ќе ги ценат даровите кои ни ги дава животот.

Продолжението на интервјуто погледнете го со видео одговори на Петра:

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Македонијапред 4 недели

Објавени добитниците на ваучери за инвертери

Македонијапред 5 дена

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Гостиарскипред 4 недели

Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград

Гостиварпред 3 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 недели

Голем свечен ден во Чајле, осветен и поставен крстот на црквата „Свети Атанасиј Велики“

Гостиварпред 2 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Вестипред 2 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 3 недели

Во крводарителната акција на Gо Bikers од Гостивар собрани 20 единици крв

Гостиварпред 3 недели

14 годишно девојче од Гостивар пронајдено кај битолчанец, пријавено е дека имал интимен однос со неа

Гостиварпред 3 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 2 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 8 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 12 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 12 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена