Поврзи се со нас

Рецепти

Пилешко бурито, Мексиканците знаат што е добар залак…

Објавено

на

Направете брз и интересен оброк кој секој ќе го сака. Трикот за добро бурито е само во зачините. Ви ја откриваме тајната на овој оброк.

Потребно ви е едно поголемо пилешко филе исечкано на коцки. Додадете 1/2 лажичка ким, 1/2 лажичка толчена слатка пиперка и 1 лажица маслиново масло. Добро измешајте и оставете околу 20 минути.

Во тава со малку масло пропржете 1 поголем кромид ситно исечкан. Кога кромидот ќе стане карамелизиран, додадете го пилешкото и пропржете сè заедно со повремено мешање околу 5 минути.

По 5 минути пржење додадете 200 гр излупени домати исечкани на парчиња и 2 лажици скара зачин (или мексикански зачин). Додадете сол и бибер по вкус и измешајте со малку сечкан свеж магдонос.

Кога вишокот вода ќе испари, исклучете ја ринглата, а потоа додајте и измешајте 1 чаша црвен пастеризиран грав. Во меѓувреме загрејте ги тортиљите, премачкајте ги со павлака и филувајте со подготвениот фил.

Послужете топло.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена