Вести
Платата не ги покрива основните трошоци – минимум 500 евра за да се турне месецот
За да ги задоволи основните потреби, на четиричлено семејство месечно му се потребни минумум 32.545 денари. Сумата ја пресмета Сојузот на синдикати.
Синдикалната кошница за месец ноември предвидува дека за исхрана и пијалоци на едно семејство му се потребни околу 13.500 денари, додека за комуналии, други сметки и одржување на домот околу 10 илјади денари. Тоа се всушност и најголемите трошоци што семејството треба да ги издвои од својот буџет. Останатите се однесуваат на одржување на хигиена, лична и во домот (2.289 ден.), пари за превоз (2.386 ден.), за облека и обувки околу 2.000 денари, и друго.
Ако се има предвид дека просечната месечна плата по вработен изнесува околу 24.500 денари, јасно е дека семејствата тешко врзуваат крај со крај. Една просечна плата не може да ги покрие основните трошоци за живот. Голем дел од вработените имаат плата под просечната, што значи дека во тие семејства финансиските тешкотии се уште поголеми и посериозни.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград