Поврзи се со нас

Вести

Заборавете ги лошите навики: Шест утрински грешки, поради кои се дебелеете

Објавено

на

Денот по утрото се познава, вели старата поговорка. Тоа особено важи, кога се работи за исхраната.

Нашите утрински ритуали ни одредуваат дали ќе се преједаме и ќе ги прескокнеме ручекот и вечерата, но и дали телото ќе ги чува калориите „за секој случај“.

Неуредното утринско хранење може да резултира со покачување на килограмите, особено во време на зимскиот период, пишува „Брајт Сајд“

Појадувате многу малку

Научниците од универзитетот во Тел Авив, докажале дека исхраната, која вклучува обилен појадок и лесна храна за вечера, е многу поефикасен метод за одржување на тежината, отколку исхраната, која се темели на чести и мали оброци.

Причината за тоа е што нашиот метаболизам, не е еднакво брз во секој период од денот. Доколку ги прашате научниците, тие би ви рекле дека не е препорачливо да одбиете „обилен“ доручек, а би ви препорачале да јадете „лесна“ вечера.

Не поминувате време на сонце

Сончевата светлост, помага во согорувањето на калориите и белото масно ткиво. Истражувачите од Универзитетот во Едмонд, Канада, спровеле експеримент и докажале дека количината на липидите (еден вид на масти во крвта), се смалува кога ве грее сончева светлина.

Ова истражување делумно објаснува, зошто се дебелиме преку зима, кога дневната светлост е намалена. 

Не пиете вода кога ќе се разбудите

Телото на возрасна личност, содржи 55 до 60% вода, тврдат научниците. Затоа добро е да се напиете една чаша вода, откако ќе се разбудите. Водата го забрзува метаболизмот и го намалува ризикот за зголемување на мастите. Освен тоа, водата помога и во ослободувањето на токсините (штетни материи).

Не вежбате наутро

Забрзувањето на метаболизмот и трошењето на калориите не се единствените предности на утринското вежбање. Тие можат да ви помогнат да го намалите апетитот.

Истражувањето на професорите Еме Стивенсон и Хавиер Гонзалес, покажало дека луѓето, кои наутро вежбаат, во текот на денот имаат намален апетит.

Освен тоа, вежбањето пред првиот оброк е 20% поефикасно, отколку вежбањето во текот на денот.

Внесувате слатки во погрешно време

Доколку не можете да им одолеете на слатките, најдобро е да ги јадете наутро, покажало истражувањето од универзитетот во Тел Авив.

Го потценувате значењето на вашите миленици

Кучето може да биде ваша придружба во текот на трчањето, а со мачката, јогата и истегнувањето ќе бидат позабавни. Освен тоа, милениците не` опуштаат, па нема да посегнеме по колаче или чоколада, кога сме напнати.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена