Гостивар
По 500 евра од Општина Гостивар за пожарникарите и советникот кои во Турција помагаа по земјотресот

Осуммината пожарникари од Противпожарната единица на Гостивар и советникот во гостиварскиот Совет, Ерсин Керала кои учествуваа во спасувачки акции во Турција по разорниот земјотрес, ќе добијат по 30.000 денари од општината. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница на општинскиот Совет, откако на претходната седница Јасин Демири од општината изнесе предлог за храбрите гостиварци да бидат издвоени средства од буџетот.
Пожарникарите и советникот помагаа во спасувачките мисии околу една недела во градот Кахраман Мараш, кој беше епицентар на земјотресот и заедно со своите турски колеги трагаа по преживеани под урнатините. Гостиварските пожарникари со турските колеги, успеале да извлечат преживеано лице под урната зграда.
„Бевме во подрачјето кое беше најпогодено во земјотресот со најмногу урнати згради. Работевме со екипа пожарникари од тоа место и помагавме колку што можевме. Извадивме еден преживеан под урнатините и пет мртви тела“, кажа еден од пожарникарите, Арменд Емра по враќањето од Турција во Гостивар.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение