Поврзи се со нас

Рецепти

Подгответе сочна есенска пита од јаболка

Објавено

на

За подготовка на пита со јаболка има многу рецепти и може да се пробуваат различни начини. Оваа пита е омилен есенски десерт, а неретко и појадок или вечера за целото семејство. Пробајте пита со јаболка на следниот начин:

Состојки:

½ кг тенки кори за баклава
1,5 кг јаболка
600 гр шеќер за сирупот + неколку лажички за во јаболката
700 мл вода
100 гр путер
малку масло
3 лажици гриз
кора од лимон
ванилин шеќер

По желба во филот може да додадете: ореви, цимет, суво грозје…

Подготовка:

Подгответе сируп од водата, шеќерот, ванилин шеќер и малку кора од лимон. Отако ќе зоврие, оставете го да се излади. Растопете 100гр путер и во него додајте исто толку масло. Јаболката излупете ги, изрендајте ги и додајте неколку лажици шеќер и 3 лажички гриз, за да го впијат вишокот на сок.

Корите составувајте ги по две, премачкајте ги со растопениот путер и масло и додавајте го филот од јаболка. Филот се нанесува само на еден дел на почетокот, внимавајте да ви стигне за сите кори. Направете ги во вид на ролат и редете ги во плех, кој е доволно голем за да собере еден ролат. Кога ќе ги подредите, исечете ги со нож, намачкајте ги со путер и печете ги на 200 степени, додека питата не порумени. Врелиот колач, прелијте го со ладен сируп.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена