Вести
Дневно на подрачјето на Гостивар се создаваат околу 47 тони отпад
На гостиварското подрачје со создаваат околу 17.200 тони отпад на годишно ниво, што е околу 47 тони дневно. Податоците кои се наведени во Програмата за работа на Јавното претпријатие Комуналец-Гостивар, покажуваат дека најголемиот дел од ѓубрето или 61%, отпаѓа на органски отпад (храна и биоразградлив отпад), 8% се хартија и картон, исто толку градежен шут, 7% пластика, 4% метали и друго.
Комуналец го собира и транспортира отпадот на депонијата Русино со десет возила. Претпријатието врши услуги за над 67 илјади жители од градот и околните села Здуње, Равен, Вруток, Беловиште, Балиндол и други.
За складирање на комуналниот отпад граѓаните имаат на располагање 320 контејнери, поставени на 135 локации. Нив ги користат 35% од жителите и тоа најчесто од станбените блокови, додека оние кои живеат во куќи користат пластични канти, кои ги има околу 13 илјади на број.
Во програмата на Комуналец стои дека годинава планирана е набавка на 50 нови контејнери, како и 5 нови еко контејнери за селекција на пластика и хартија.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград