Вести
Половина август гостиварци дишеле загаден воздух
Дури 15 дена од минатиот месец во Гостивар, средните вредности на ПМ10 штетните честички во воздухот ги надминале дозволените граници. Податокот е наведен во последниот месечен извештај за квалитетот на воздухот, а се базира на вредностите за загаденоста од Мерната станица која беше поставена на почетокот од годинава во дворот на ОУ „Гоце Делчев“.
Максимумот на среднодневната вредност на ПМ10 честички изнесува 50 микрограми на метар кубен. Според извештајот, најголемо надминување е забележано на 23 август и тоа 74,5 микрограми. Од 9 се до 25 август воздухот во Гостивар речиси постојано бил загаден, со исклучок на три дена.
Во текот на целата година, средната вредност на ПМ10 честичките била над дозволеното вкупно 61 ден, од кои најмногу во февруари, март и април, кога греењето на дрва е најчестиот причинител на загадување.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди