Вести
Тепачка со повредени лица во кругот на средното економско во Гостивар
Две малолетни лица се згрижени на скопските клиники, а едно во гостиварската болница, по тепачка која попладнево избила помеѓу две групи пред кафуле во кругот на средното економско училиште. Мотивите и бројот на учесниците во тепачката ги истражува гостиварската полиција.
Од СВР Тетово потврдија дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир во кругот на училиштето со тепачка на две групи, едната од село Чегране, а другата од село Врапчиште. Според првичните наоди на полицијата во физичката пресметка учествувале повеќе од дваесет лица. Групите се степале со клоци и тупаници, а користен бил и остар предмет, најверојатно нож.
– Во тепачката две лица едното на возраст од 16 години, а другото на 17, биле пренесени со повреди во градите, односно грбот во гостиварската болница, а отаму на скопските клиники. Со повреди се задобило уште едно лице на возраст од 18 години, кое е задржано во гостиварската болница, информираат од СВР Тетово.
Во тек е увид по кој ќе биде појасно кои се мотивите за тепачката и кој сé учествувал во неа.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!