Поврзи се со нас

Гостивар

Пред споменикот на градителите во Маврови Анови одбележани 63 години од февруарската снежна трагедија

Објавено

на

Со пригоден собир, положување на цвеќе и едноминутно молчење пред споменикот на градителите на мавровскиот хидроенергетски систем во Маврови Анови, беа одбележани 63 години од трагедијата, кога при снежни лавини животите ги загубија 52 лица, градители на системот, граничари и мештани.
Настанот го организираше ХЕЦ „Маврово“, а присуствуваа вработени во претпријатието, претставници на општина Маврово Ростуше, НП Маврово, ЈКП Маврово и други.
„Ние вработените во Хидроцентралите „Маврово“ секоја година во спомен на загинатите се собираме пред овој споменик, полагаме свежо цвеќе и се потсетуваме на големата трагедија. Со тоа сакаме да им дадеме до знаење на сите наши вработени, дека луѓето што загинаа во оваа трагедија вечно не задолжија, положувајќи ги своите животи“, рече директорот на ХЕЦ „Маврово“ Ѓорѓи Божиноски.

Ноќта на 11 февруари, 1956 година, по долината на Радика (во околината на селата Рибница, Торбешки мост и Стрезимир) неколку снежни лавини се урнале врз куќи, бараки на градежници и караули при што биле затрупани стотина луѓе. Спасувачките екипи успеале да извлечат само половина од нив. Февруарската снежна трагедија е една од најголемите предизвикани од временска непогода на нашето подрачје.
Во чест на загинатите градители, секоја година се организира и меѓународен натпревар во нордиско скијање-Мавровски меморијал.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена