Поврзи се со нас

Вести

Препораки за заштита на животните од студениот бран

Објавено

на

Агенцијата за храна и ветеринарство излезе со препораки до одгледувачите на животни, врзани со нивната заштита во денови на студен бран, силен ветер и снег. Надлежните советуваат за зимските месеци навремено да се обезбедат вода и храна за животните во доволни количини, храната да биде со соодветна хранлива вредност, на животните да не им се дава смрзната храна и да се зголеми вообичаената дневна количина особено кај гравидните животни, за да можат да ја одржуваат својата телесна температура.

„Животните не можат, а не треба своите потреби за вода да ги обезбедуваат преку лижење мраз или снег, затоа за истите треба да се обезбеди свежа вода за пиење, која е на соодветна температура. При појава на екстремно ниски температури проследени со силен ветер и снег животните треба да се држат затворени во објектите/шталите, или да им се обезбеди соодветно засолниште. Во овој случај треба да се внимава на хигиената во објектите, редовно да се чисти ѓубрето и да се заменува валканата простирка со нова. Доколку не постои можност веднаш да се засолнат животните, привремено може да се употребат ќебиња или друг вид на прекривки за нив, во тој случај треба да се внимава прекривките во секое време да бидат суви“, стои во препораките на Агенцијата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена