Поврзи се со нас

Вести

Прослава на Цветници во Гостивар

Објавено

на

 

Православниот свет денес го слави празникот Цветници, во чест на свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Празникот уште се нарекува Цветоносна недела и Врбица. Храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар беше местото на централното празнување во полошко. Со светата литургија, која собра голем број верници, чиноначалствуваше Митрополитот на тетовско-гостиварската епархија г.Јосиф. Во својата беседа, Владиката ги потсети верниците на значењето и суштината на празникот и порача да се прават добри дела и да се заборави лицемерието:

Царот над царевите влегува во Ерусалим седејќи на смирено осле. Ослето е симбол на потполно трпение и послушност. Ослето, исто така не претставува и нас луѓето на кои Христос ни стана цар и спасител. Возљубени во Господа, да направиме од себе си Ерусалим и да го дочекаме во нас да влезе и да живее најскапоцениот гостин, Спасителот Христос. Тоа ќе го направиме трудејќи се со добри дела, а не со предавање на страстите

Насобраниот народ во црквата, во духот на Цветници, со осветени врбови гранчиња се помоли за здравје, мир и спасение и преку причест ги прими светите тајни на христијанството.

 

 

Прославата на Цветници во Гостивар се надополни со осветување на новоизградената фонтана во дворот на црквата.

Цветници е подвижен празник и секогаш се прославува една недела пред Велигден. Од утре почнува страдалната седмица или велика недела кога се одбележуваат последни денови на Исусовите страдања.Деновите пред Велигден се исполнети со покајување, прошка, пост и молитва. Преку црковните богослужби на почетокот на седмицата верниците се потсетуваат на последните беседи и поуки на Исус кон апостолите и луѓето.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Вестипред 3 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена