Поврзи се со нас

Гостивар

Протест во Гостивар: „Нема да дозволиме експерименти врз нашите деца“

Објавено

на

Родители, наставици и деца се собраа во Гостивар на протест против воведување на дигитални учебници и други најавени образовани реформи. Протестот беше организиран во рамки на иницијативата „Учебници и настава мора да има“, која денес одржа вакви настани низ градовите во земјава, како и марш во Скопје.

На протестот во Гостивар беа прочитани пораки и барања на македонски и на албански јазик.

„Овде не сме како челнови на политички партии, овде не е важно каква националност, релиија, вера сме, тука сме за иднината на нашите деца. Реформи се потребни, вистина е дека децата се преоптоварени, но воведување на целосна дигитализација, кратење на предмети, отфрлање на учебниците и нивна замена со дигитални уреди и некакви замислени „интерактивни часови“, не се решение за напредок во образованието. Од една страна промовираме еднаквост, недискриминација, од друга страна внесуваат сензитивни предмети кои подлежат на нееднаковст и дискриминација. “Учење преку мултимедијални содржини преку дигитални помагала, а на децата до социјално ранливи категории, училиштата ќе им испечатат мини учебници-скрипти“. Јавно ја прашувам министерката каде е тука еднаквоста меѓу децата? Дали министерката е запознаена со моменталната цена на уредите во ИТ?“, рече претставник од родителите Борче Брајковски.

Во обраќањата на протестот беше порачано дека родителите не биле консултирани при изготвување на новата образовна концепција. „Како може министерката да изјави дека резултатите од воведувањето на концепцијата ќе се знаат за 5-6 години. Децата кои моментално се на сред образоваен процес ќе бидат експериментални глувчиња, па ќе видиме по 5-6 години дали ќе ги биде или не? Нема да дозволиме нашите деца да бидат предмет на тестирање, тие деца имаат иднина“, истакнаа говорниците во обраќањето.

На крај уште еднаш беа повторени барањата на иницијативата, меѓу кои се: хартиените учебници задолжително да останат во употреба, да се исфрли родово сензитивната содржина од учебниците, да не се спојуваат предмети, етиката на религии да остане изборен предмет и родителите да бидат вклучено во образовните политики.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена