Поврзи се со нас

Македонија

Протест во Тетово на двегодишнината од пожарот во модуларната болница

Објавено

на

Семејствата на 14 луѓе кои ги изгубија животите во пожарот во тетовската модуларна болница денес организираа јавен марш и протест. Тие не се задоволни со завршениот судски процес и бараат да има нова истрага, со која, како што велат да се докажат вистинските виновници.

„Семејствата бараме правдата да излезе на виделина. Новинарите на ИРЛ објавија вистински кој е виновен, а кој не е виновен. Овде ние бевме ние на сите рочишта, немаше правда. Од почетокот ние кажавме дека во оваа држава нема правда. Јас сум бил од почетокот на ова судење, гледав дека нема правда. Беа осудени три лица, не викам дека не се виновни тие. Ама виновни се гледа кој е. Државата молчи, денес тие слават, денес не дојдоа кај нас да видат дека 14 лица живи загинаа таму. Јас сум бил со мајка ми во соба број 3 и од таму почна огнот. Не знам ни јас како седам овде. Ние ќе бараме нова истрага, со протестите ние ќе продолжиме понатаму“, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот на 8 септември 2021 година ги загуби братот и мајката.

Семејствата и граѓаните се собраа на местото каде што порано беше модуларната болница од каде имаше обраќање со цел да се спомене трагичниот 8 септември во 2021 година и тоа што се случи на тоа место.

-Денес цела земја слави, а ние се собравме да им оддадеме спомен на членовите на нашите семејства кои беа изгорени пред две години овде во модуларната болница. И денес, како и пред две години, сè уште ни се свежи сеќавањата на нивните вресоци и плачот. Беа изгорени пред нашите очи и бевме немоќни да ги спасиме. Тие денес не се меѓу нас само затоа што не се почитува градежните стандарди. Се обидоа да не исплашат и замолчат вреднувајќи ги нивните животи со неколку илјади евра, а се обидоа да ги скријат вистинските виновници за оваа трагедија, истакна Мумин Исмаили во име на семејствата.

Во обраќањето беше потенцирано дека граѓаните немаат доверба во правосудниот систем.

-Корупцијата убива! Сите политичари зборуваат за интеграција во ЕУ, но човечкиот живот не се почитува. Има 14 жртви, нула дена затвор. Судството и обвинителството се бранители на организираниот криминал, корупцијата, злото и олигархијата. Игнорирањето на германската експертиза само за да се амнестираат вистинските виновници е скандал на судскиот систем. Како членови на семејствата, итно бараме: Да се отвори судска постапка за причините за пожарот, повторно постапување и преиспитување на решенијата од прелиминарниот претрес во судот во Тетово. Разрешување на главниот обвинител Јовевски, заедно со главниот обвинител во Тетово Бесир Алиу, и обвинителите Зорица Павловиќ, Дејан Петрески, Ханефи Амети и другите, рече Мумин Исмаили.

Групата граѓани потоа маршираше од модуларната болница, одзади Клиничката болница кон булеварот „Благоја Тоска“, кон пазарот, Центарот за култура, плоштадот и застанаа кај судот. По истакнување на барањата завршни протестниот марш.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 10 часа

МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота

Гостиварпред 11 часа

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар со активност по повод Светскиот ден на срцето

Македонијапред 13 часа

Ангелов: На територијата на НП „Маврово“ има 160 до 180 мечки, а според одредени норми треба да се 70

Гостиварпред 15 часа

Жени претприемачки од Гостивар се едуцираа за креирање бизнис идеи и иновации

Гостиварпред 16 часа

48 годишник задржан во ПС Гостивар поради напад врз партнерката

Македонијапред 16 часа

Од денеска укината делумната забрана за движење во шуми

Гостиварпред 18 часа

Жител на Врапчиште пријавил соселанец за напад со остар предмет

Гостиварпред 19 часа

Во Општина Гостивар 69 нови вработувања во 2024-та година, Советот го усвои планот

Спортпред 20 часа

Заврши Светското шаховско првенство во Струга, петто место за „Македонија Алкалоид“

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 1 недела

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 1 недела

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 3 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена