Поврзи се со нас

Македонија

Народна банка ќе објавува споредбени податоци за платежните услуги на банките

Објавено

на

Народната банка на својата интернет-страница до крајот на овој месец ќе започне да објавува споредбени податоци за видот и висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежните сметки, по поединечен давател на платежни услуги (по банка).

Како што известуваат од НБРМ, овие активности се преземаат за натамошно зајакнување на заштитата на граѓаните како потрошувачи на овие услуги и се овозможени со новиот Закон за платежни услуги и платни системи. Со пристапот до овие податоци, граѓаните ќе можат да споредат и да проценат кои услуги и производи соодветствуваат најмногу на нивните потреби.

Тие истакнаа дека покрај транспарентноста, се очекува оваа мерка да придонесе и кон повисока конкуренција помеѓу давателите на платежни услуги, а со тоа и кон понуда на поповолни услови.

За оваа цел, Народната банка подготви листа од 11 најрепрезентативни услуги поврзани со платежната сметка за кои редовно, на воедначен начин, ќе прибира податоци за надоместоците од секој давател на платежни услуги, коишто за граѓаните ќе бидат достапни преку посебна платформа за споредба на надоместоците, што веќе ја изработија стручните служби на централната банка. Платформата ќе им овозможи на граѓаните на прегледен начин да прават споредби на надоместоците за одделен производ или услуга, кога одлучуваат кај кој давател да користат платежни услуги.

Новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила на почетокот на годинава, обезбедува добра правна рамка за заштита на правата на граѓаните како потрошувачи на платежни услуги.

„За првпат во историјата на користењето на платежните услуги во нашата земја се воведува законска обврска за давателот да ги уреди правата и обврските на потрошувачите со рамковен договор во стандардизирана форма, во којшто треба да биде содржан и задолжителен сет информации, вклучително и за можностите и условите под кои може да биде изменет или раскинат. Притоа, од посебно значење за заштитата на потрошувачот е законската обврска за давателот на платежните услуги да му даде информативен документ за надоместоците, пред потрошувачот да се обврзе да ги користи неговите платежни услуги со рамковниот договор“, соопшти НБРМ.

Информативниот документ за надоместоците, како што нагласија, е стандардизиран и има за цел да им обезбеди на потрошувачите споредливи информации за надоместоците за најчесто користените платежни услуги во Република Северна Македонија, или т.н. најрепрезентативни услуги. Давателот има законска обврска да доставува извештај за наплатените надоместоци до потрошувачот, најмалку еднаш годишно.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 6 часа

Што би се случило доколку светот остане без интернет?

Македонијапред 6 часа

Кривични за злоупотреба на имиња на познати лекари во реклами за чаеви

Гостиварпред 8 часа

Што прво би направиле ако станат градоначалнички на Гостивар? Одговараат советничките Нешковска и Ќироска

Гостиварпред 11 часа

Приведен маж во ПС Гостивар за напад врз поранешната сопруга

Македонијапред 11 часа

За 30 % поевтин роаминг за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028-ма година цените се изедначуваат

Гостиварпред 13 часа

Возило удрило во електричен тротинет, гостиварец тешко повреден

Македонијапред 13 часа

До 6-ти ноември трае Конкурсот за поддршка на проекти од културата за 2024 година

Гостиварпред 14 часа

(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки

Вестипред 15 часа

Дваесетина загинати во автобуска несреќа близу Венеција

Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Почина нобеловецот со гостиварско потекло Ферид Мурад

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена