Поврзи се со нас

Гостивар

Протоереј Марјанчо Мадевски поставен за Архерејски намесник на Гостиварското архиерејско намесништво

Објавено

на

Протоереј Марјанчо Мадевски е новиот Архерејски намесник на Гостиварското архиерејско намесништво, кој е поставен по смртта на протоереј ставрофот Боге Богојески.

Марјанчо Мадевски е роден 1982 година во с. Русиново – Берово. Основно образование завршува во родното место, а своето образование го продолжува во Македонската православна богословија „св. Климент Охридски“ во Скопје. Во 2002 година се запишува на Православниот богословскиот факултет „св. Климент Охридски“ во Скопје, кај што дипломира на тема „Свештеничката служба според Новиот завет“.

Во 2014 година, кога Светата православна црква го слави Вознесението Христово – Спасовден, од страна на Неговото високопреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во Лешочкиот манастир е ракоположен во ѓаконски чин, а на 22.12.2014 година, кога Црквата си спомнува за преподобна Матрона Цариградска и свети Нектариј Егински, во храмот посветен на „Пресвета Богородица“ во Гостивар, во свештенички чин. Од месец 05.03.2016 година е назначен за в.д. секретар на Тетовско-гостиварската епархија. Во протоерејски чин е ракопроизведен на 28.08.2017 година. Во месец јануари 2019 година е поставен за парохиски свештеник на Теаречко-вратничката парохија.

Од 01.12.2020 година е поставен за Архерејски намесник на Гостиварското архиерејско намесништво.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 4 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 8 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 9 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 12 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 13 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 14 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 15 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена